Американскиот претседател Доналд Трамп воведе 90-дневна пауза за царините за околу 60 земји, освен за Кина, за да создаде простор за преговори со меѓународните партнери.
Одлуката ја објави на својот профил на Truth Social.
„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ја наплаќаат од Кина на 125%, што веднаш ќе стапи на сила.
Се надевам дека Кина, во одреден момент, ќе сфати дека деновите на експлоатација на Соединетите Американски Држави и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо.
Фактот дека повеќе од 75 држави се јавија на претставници на Соединетите Американски Држави, вклучително и Министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR), за да преговараат за решение за темите што се дискутираат во однос на трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и нецаринските бариери, и дека овие држави, на моја силна сугестија, не презедоа никакви одмазднички мерки против САД, јас овластив 90-дневна пауза и значително намалена реципрочна царина во овој период, од 10%, која настапува веднаш,“ напиша Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ воведува царини кон САД од 25%
Стапија на сила новите американски царини за 60 земји, за Кина од 104%
Македонија ќе понуди и до нула царини на САД
Фото: Unsplash