еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Убава вест: Помали трговски објекти од Куманово почнаа да работат со скратено работно време

Дуќани, бутици, цвеќари во Куманово од денеска почнаа да работат со скратено работно време, откако се намалија рестрикциите во движењето.

Сопствениците на трговските објекти претпазливо го најавија почетокот на работата на социјалните мрежи.

Најголем дел од нив ќе работат со скратено работно време од 11 до 15 часот, додека во сабота ќе работат од 11 до 13 часот, согласно препораките на Владата.

Сопствениците на трговските објекти велат дека ќе пуштаат по еден купувач, согласно уредбата на Владата.

-Граѓаните се должни да носат маска и ракавици при влегување во дуќаните и секако надвор. Ние ќе држиме дистанца од два метра.

Со нови сили, позитивни мисли од наша и од страна на клиентите, очекуваме да ја пребродиме кризата, затоа што сметаме дека само заеднички може да опстанеме во ова време-невреме.

Ќе се потрудиме да бидеме полфексибилни во однос на цените и отворени за секаков вид соработка, со цел да помогнеме да се раздвижи локалната економија, велат сопственички на цвеќарница и бутик од улицата „Илинденска“ од Куманово.

Некои од нив ги затворија објектите непосредно по прогласувањето на вонредната состојба. Помал процент вршеа онлјан продажба.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Во Куманово на 100 илјади жители, 239,7 заболени од коронавирусот

Од среда задолжително носење заштитни маски и ракавици за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голема победа на опозицијата на Косово: Црвен картон за Рамуш Харадинај и Хашим Тачи

Редакција

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара СОНК

Редакција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Министерот Тевдовски бил фудбалер

Редакција