еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трајковски добил закани пред сведочењето, обвинетите за убиството на Вања и Панче ги нарече психопати

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, конечно сведочеше Гоце Трајковски, кој до пред извесно време беше во бегство, откако беше осомничен за подметнување на пожар во кафуле во скопска Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сам се предаде на полицијата Гоце Трајковски, сведокот во судскиот процес за убиството на Вања и Панче

Трајковски, кој е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите, е еден од најважните сведоци во овој судски процес, бидејќи тој дојде до клучни снимки од видео камери уште пред тие да стигнат во полицијата и направи поврзување на исчезнувањето на Ѓорчевска и Жежовски, како и на возилата кои биле употребени за нивно грабнување.

Тој на денешното рочиште рече дека добил закани да внимава што зборува од страна на членови на партијата „Десна“.

-Добив закани од овие психопатите од партијата, да внимавам што зборувам, за да не сум пропаднел во дупка. Само да знаат дека не им се плашам, јас не сум мало девојче или старец, рече Трајковски.

Сподели и детали како дознал за исчезнувањето на Ѓорчевска, а ја објасни и релацијата со нејзиниот татко.

Дека е исчезната Ѓорчевска, дознал од неговата мајка Кираца Трајковска, која веќе сведочеше, а за таткото на девојчето, рече дека му бил кум на првата свадба, поради старо кумство.

Таткото на девојчето му ја покажал патеката по која се движела и тој одел по истиот и барал снимки од околните објекти. Идејата пак самите да ги бараат снимките ја добиле, како што рече, зошто полицајците биле собрани и ништо не правеле, изгледале како да играат криенка.

Преку другар побарал и снимки од „Сејф сити” и додаде дека таткото и мајката на Ѓорчевска ја барале насекаде, се јавувале по болници оти мислеле да не ја удрила кола. Биле и на Водно и на Кеј, викале по неа. Биле и во една напуштена куќа, ама девојчето го немало.

На една од снимките што ги собрал забележал дека возила поминуваат со 40-50 на час, а само еден „цитроен“ многу чадел и многу бавно возел. Со тоа возило беше грабната Ѓорчевска.

-Ми падна чудно тоа што првите 5-6 коли поминуваа со 40-50 км на час, а „цитроенот“ многу чадеше и многу бавно возеше. Му реков на Саше дека колата ми е сомнителна, дека работи под саух и дека е тазе запалена, а и прозорците беа замаглени.

Скриншотите ги препратив кај другарот во „Сејф сити“. По три часа ми се јави другарот од „Сејф сити“ и ми рече дека сум ненормален поради тоа што сум го нашол „цитроенот“. Тогаш ми кажа дека три дена го бараат тоа возило и дека е на исчезнат велешанец, рече Трајковски.

Другар му рекол да го пребара на Гугл името Панче Жежовски, и тој тогаш видел дека станува збор за исчезнато лице. Во исто време наишол и на фотографија од автомобилот, кога бил огласен за продажба, а на неа се гледала таблицата.

Додаде и дека сомнително му било уште едно големо комбе и пикапот „рено кангу“. Кога комбето скршнало на друга страна, во фокусот им останале „цитроенот“ и „реното кангу“, бидејќи возеле во иста насока и блиску едно до друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајковски вели дека инспектор го терал да снима во домотот на Вања, за да не била сокриена некаде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат во нашата земја направена ЕКМО интервенција на пациент заразен со Ковид -19

Редакција

Деветнаесет години подоцна: Се сеќаваме ли што пишува во Рамковниот договор?

Редакција

Конфедерацијата на слободни синдикати ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор

Редакција