еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Откако го избраа Абази, министерот Тупанчески најави построги критериуми за избор на шеф на ОЈО ГОКК

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) остануваат неколку параметри кои се недефинирани до крај и најави оти ќе се движат во насока на измени во однос на построги правила и критериуми.

– За избор ќе мора да се додаде цензусот и тоа дали ќе има потреба да се воведе втор круг на избори, но и дали ќе има некој дополнителен критериум. Да не заборавиме дека во нашата држава главниот проблем не е квалитетниот закон или правната рамка, напротив се судираме со суштинскиот проблем, а тоа е капацитетот на институциите и интегритетот на луѓето кои се дел од тие институции, вели Тупанчески.

Ова, вели тој, е трет модел во нашата држава, а се обидуваме да стигнат до вистинскиот модел во кој ќе бидат исклучени надворешните влијанија во однос на изборот на првиот човек на ОЈО ГОКК.

– Првпат јавните обвинители непосредно го бираат првиот човек на Обвинителството, да не заборавиме Законот за Јавно обвинителство беше консензуално донесен од страна на сите чинители и тој закон беше прифатен од сите и практично моделот, кој го тестиравме пред некој ден, според мене, покажа одредени слабости.

Она што можеби во иднина треба да се преземе, бидејќи тој модел не е доизграден, сметам дека доколку бидат додадени некои дополнителни критериуми во однос на изборот на обвинителот би стигнале до подобри резултати и пообјективен избор, вели министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Прашан како ги коментира фотографиите кои се појавија во јавноста со новиот шеф на Обвинителството и функционери од ДУИ, Тупанчевски рече дека тие фотографии на некој начин имплицираат дека обвинителот кој е избран има некаква конекција или комуникација со претставници на одредена политичка партија.

– Дефинитивно никогаш не може до крај да се неутрализираат, најважно од целата работа во комуникацијата е дека практично времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали навистина овие хипотези или претпоставки кои се пласираат по неговиот избор имаат реална основа.

Комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно е таа комуникација да не биде злоупотребена, нагласи Тупанчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абази го знае Али Ахмети само од телевизија“: Новиот шеф на ОЈО ГОК на „тапет“ на Твитер

Фотографиите на Абази со првите луѓе на ДУИ оставаат простор да се верува дека постоело некакво влијание, вели претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потсетување до Мицкоски: Основачите на ВМРО-ДПМНЕ бараат итно формирање унија на ветарани

Редакција

Работна група на Владата ќе бара чаре за комплексот Македонско село

Редакција

Што се знае за приватниот живот на Путин, кој останува претседател на Русија

Редакција