еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трајковски, сведокот на судењето за убиството на Вања и Панче обвинет за подметнување пожар

Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, заедно со уште две лица е обвинет за подметнување пожар во скопска Кисела Вода.

Трајковски е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите во случајот. Тој сведочеше пред неколку дена, откако стана достапен за органите на прогонот, бидејќи беше во бегство.

-Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

Со автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган.

Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот, информираа од Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Трајковски вели дека инспектор го терал да снима во домот на таткото на Вања

Трајковски добил закани пред сведочењето, обвинетите за убиството на Вања и Панче ги нарече психопати

Сам се предаде на полицијата Гоце Трајковски, сведокот во судскиот процес за убиството на Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендиков се појави во судница, ама судењето за неговиот напад веднаш се одложи

Редакција

Буџетот оштетен за околу половина милион евра: Финансиска полиција поднесе кривична пријава за тројца вработени во ЈСП

Редакција

Обезбедени 833.000 вакцини против Ковид-19 за 400.000 граѓани

Редакција