еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТТК Банка лани со зголемена добивка за 72,9%

Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје за минатата година изнесува 105,2 милиони денари, што претставува повисок резултат за 72,9 % во однос на истиот период минатата година, информираа од Банката преку Македонската берза.

-Повисокиот финансиски резултат се должи, пред сè, на забрзаниот раст на оперативните приходи од 6,8 %, при контролиран раст на оперативните расходи од 3,3 %. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нетооснова изнесува 47,5 милиони денари.

Во однос на финансискиот план, планираната добивка е остварена со 108 %.

ТТК Банка АД Скопје како активен, стабилен и етаблиран учесник на македонскиот финансиски пазар, на 18.5.2023 година, успешно го финализираше процесот на зголемување на основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда и го зголеми својот почетен капитал (основна главнина) за износ од 57.698.000 денари.

Вкупниот капитал по извршената скрип емисија на 965.586 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари изнесува 965.586.000 денари, со што дополнително се зајакна билансот на состојбата на Банката.

Сето ова ја одразува посветеноста на ТТК Банка АД Скопје за обезбедување иновативни решенија за своите акционери, за создавање дополнителна вредност за нив и посветеност да им обезбеди нови можности и придобивки од нивните инвестиции во Банката на долг рок, велат од таму.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката, посочуваат од таму.

-Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2023 до 31.12.2023 година изнесуваат 307,5 милиони денари и во однос на планот се остварени со 107 %. Во однос на истиот период минатата година зголемени се за 58,4 мил. денари или 23,5 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 176,5 милиони денари, бележејќи годишен раст на приходите од провизија од 14,5 %.

Најголемо учество во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картички. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 95 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 15,5 милиони денари и бележат годишен раст од 10,5 % како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 106 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 56,7 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 97 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 386,8 милиони денари и се за 3,3 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 103 %.

Периодот на посилен раст на приходите на банката се искористи за јакнење на капацитетот за справување со идни кредитни загуби, со што исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 47,5 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на 2023 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 6,3 милиони денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка ја зголеми добивката за 89,1%

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

ТТК Банка ја зголеми добивката за 36,6% во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Новиот сој „омикрон“ носи повеќе од пет пати поголема можност за инфекција и повеќе од двапати поголем ризик од реинфекција

Редакција

Зоран Верушевски доби обештетување од 1,7 милион денари од државата за притворот за „Пуч“

Редакција

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

Редакција