еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсените лица за тероризам планирале напади на јавни објекти: Детали од МВР

Детали за кординираната акција на повеќе државни институции во која беа уапсени четири лица, кои се осомничени за тероризам, соопшти и Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Формирале ќелии на ИСИС: Уапсени уште четири лица кои планирале терористички напади низ Македонија

-Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни или така наречени меки цели односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните.

Ќелијата делувала од позиција на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС и за остварување на намерата прво пријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе ги искористат за извршување на терористички напади.

Останатите членови биле дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени четири лица во Струга и во Гостивар за можен тероризам во Македонија и на Балканот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела со Ковид-19 заразени 69 лица до 19 години

Редакција

Едни се вакцинираа, други протестираа: За два дена вакцинирани 990 деца

Редакција

(Фото) Се огласи претепаниот Божиновски: Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено

Редакција