еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кардиоваскуларната болест и дијабетот најчести коморбидитети кај починатите од корона вирусот

Бројот на починати од корона вирусот се зголеми на 511 лица. Од Институтот за јавно здравје информираат дека заклучно со 2 август, годинава од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (367) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет 95,8/100.000 жители.

Регистрирани се 319 смртни случаи кај лица од машки и 182 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 404 (80,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (306 случаи), дијабет (142 случаи) и белодробна болест (74 случаи). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници.

Дваесет и седум (5,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 474 (94,6%) починале за време на хоспитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисок морталитет од корона вирусот во Струга, Тетово, Куманово и Скопје

Штипјанец по втор пат заразен од корона вирусот

Убава вест: Оздравени 113 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје 57

Нови 88 заболени од корона вирусот од 1.507 тестирани, најмногу во Скопје, Штип, Струга

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

Редакција

Пендаровски: Ако преговорите со ЕУ не се базирани на историја, туку на европски критериуми, ќе ги завршиме во рекордно време

Редакција

Убава вест: Регистрирани нови 14 оздравени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.453

Редакција