еМагазин
Image default
Македонија

Штипјанец по втор пат заразен од корона вирусот

Штипјанец за период од месец и половина по втор пат се заразил од корона вирусот. Прв пат вирусот на овој 46-годишник му бил потврден на почетокот од јуни, кога бил тестиран иако немал никакви симптоми, објави ТВ 24.

По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти.

Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип. Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на Ковид 19.

Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во текстилството.

Целата сторија ОВДЕ.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сите македонски амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.322 болни од Ковид-19

Редакција