еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен 27-годишник од Крива Паланка осомничен за убиство

Припадници на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, вчера го лишиле од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д., на возраст од 76 години од Крива Паланка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

На 21. ноември, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20. ноември, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт. Веднаш биле преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот.

– Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор, тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело, се додава во соопштението.

За случајот поднесена е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивоградби во Охрид на секој чекор: Во заштитениот појас 409 нелегални градби

Редакција

Седуммината повредени кои се во болница во Пирогов се во стабилна состојба, вели Филипче

Редакција

Покапува дизелот, цената на бензините останува иста

Редакција