еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиен за 6.000 денари: Детали од Обвинителство за убиството во кривопаланечко

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, информираа од таму.

-Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец.

Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет.

Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, велат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиство во кривопаланечко: Го убиле соседот, го ограбиле, па го запалиле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трамп прогласи вонредна состојба во САД поради корона вирусот

Редакција

Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници, најави Бектеши

Редакција

(Фото) Влатко Ѓорчев на Молитвен појадок кај Трамп

Редакција