еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило

Во Министерството за труд и социјална политика се изготвени 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци незаконски добивале пари од државата оти не го исполнувале условот да немаат регистрирано возило на свое име, информираше техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Со незаконските исплати овие лица го оштетиле буџетот на Министерството за над 2,5 милиона евра.

„Констатирани се 1.134 незаконски исплати на социјална помош, која траела од јуни 2022 година до моментот кога го објавивме скандалот за што буџетот на Министерството е оштетен за 155.038.530 денари или над 2,5 милиона евра.

Во моментот изготвени и донесени се 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи, па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства“, изјави Велковски.

Тој објасни дека во ковид-кризата биле олеснети условите за користење на социјалните права од аспект на поседување и користење моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Но, по завршувањето на кризата, во системот останале таквите лица и продолжиле да добиваат помош, иако не го исполнуваат условот да немаат возило.

„Ковид-кризата завршува на 30.6 2022 година, но ништо не се презело за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и тие останале во системот за социјална заштита и ги користеле правата.

Некои директори на центрите за социјална работа самоиницијативно вршеле проверка и правеле прекини во изминатиот период додека тоа не бил случај кај другите“, рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проруска партија победи на парламентарните избори во Словачка

Редакција

Починати седум лица од Ковид-19, дополнително пријавени уште шест

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Кавадарци за набавка на масло за горење вреден 180.000 евра

Редакција