еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина имаше три години да преговара за мир, Зеленски има рејтинг од 4%, вели Трамп

По вчерашната прва средба на делегации на САД и Русија, по стартот на војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп, прашан зошто на стартот на разговорите за завршување на војната не била вклучена и Украина, рече дека земјата имала три години да преговара за мир, но и време пред тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што договорија САД и Русија за Украина?

„Ова можеше многу лесно да се реши“, рече Трамп, подвлекувајќи дека можел да „склучи договор“ за Украина доколку бил претседател на САД кога изби војната.

„Можев да склучам договор за Украина што ќе им ја дадеше речиси целата земја. И ниту едно лице немаше да биде убиено и ниту еден град немаше да биде срушен“, изјави Трамп.

Тој потенцираше и дека Украина можеби ќе треба да одржи нови избори, а според него украинскиот претседател Владимир Зеленски е непопуларен во неговата земја.

„На водачот во Украина, мразам што го кажувам ова, рејтингот му е намален на 4 отсто“, рече Трамп.

Петгодишниот мандат на Зеленски истече во мај лани, а анкета од минатиот месец покажа дека само 40 отсто од Украинците имаат доверба во него, а 72 отсто имаат доверба во поранешниот главен генерал Валериј Залужни, кој сега е амбасадор во Лондон.

Вчерашните разговори помеѓу САД и Русија, Трамп ги оцени како „многу добри“, тврдејќи дека Русија сака „да направи нешто“ и „да го запре дивјачкиот варваризам“.

Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За што разговарале Мицкоски и Петков

Редакција

(Фото) Универзална сала доби нова купола

Редакција

(ВИДЕО) Алармантно: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов

Редакција