еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Успешна 2023 година за НЛБ Банка: Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење

НЛБ Банка успешно ја заврши 2023 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година, информираат од таму.

Работејќи согласно усвоената годишна деловна политика, НЛБ Банка покажа силна посветеност за финансиска поддршка на населението и бизнис секторот и придонес кон локалната економија, поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и непоколеблив стремеж кон одржливо работење, посочуваат од Банката.

Во анализираниот период НЛБ Банка забележа раст на вкупните кредити од 4.3% и зголемување од 10.1% кај кредитирањето во секторот домаќинства во однос на 31.12.2022 година, како резултат на зголемениот пласман на потрошувачките и станбените кредити. Истовремено, Банката забележа и раст на довербата на депонентите што резултираше со зголемување на вкупните депозити за 2.6% споредено со истиот период претходната година, велат од таму.

-Нето добивката на Банката изнесува 3.216.860 илјади денари, што се должи на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на вниимателното управување со ризикот, оперативната ефикасност, и постојаната посветеност за унапредување на корисничкото искуство.

Во текот на годината, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои признанијата од картичниот партнер Visa за лансирање на Google Pay, извонреден раст во безготовински плаќања со НЛБ Visa картичките и први на пазарот со мобилна апликација за прифаќања на плаќања со картички; благодарница од Црвениот крст за покажаната хуманост и солидарност за настраданото население во земјотресите во Сирија и Турција; признание за најпосакуван работодавач меѓу финансиските институции во земјава од Вработување.ком, а реномираниот финансиски магазин EMEA Finance во текот на 2023 година по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“, што е уште една потврда за успешното работење на Банката. Воедно, НЛБ Банка е избрана и за компанија со најдобри практики во стратешката корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД – Партнерство за давање (P4G), Американската стопанска комора во Македонија и организацијата „Конект“.

Клиентите и нивното задоволство остануваат во фокусот на работењето на НЛБ Банка, сè во рамките на целите за одговорно делување. Банката ќе продолжи со кредитирање на населението и стопанството со фокус на зелените проекти, дигиталната трансформација, унапредување на дигиталните канали со фокус на мобилното банкарство и имплементација на иновативни и дигитални финансиски решенија за унапредено корисничко искуство и ќе остане посветена на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Радмила Шекеринска, старо-новата министерка за одбрана

Редакција

Загинатите во несреќата во Кавадарци биле на 30 и 50-годишна возраст: Детали од Обвинителството

Редакција

Штип од денеска добива јавен градски превоз

Редакција