Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека утре по повод Први мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
„Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Истовремено, ве информираме дека од утре, четврток (01.05.2025 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.
Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември,“ се вели во соопштението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.