еМагазин
Image default
Бизнис

Факом лани со намалена добивка

Факом АД Скопје лани остварил нето добивка од работењето во износ од 69.974 денари наспроти добивката од 2022 година (249.402 денари), која е -72% помала од претходната година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Ова се должи пред се на уште една турболентна година со нестабилно пазарно окружување. Изминатата 2023 година беше слаба економска година која треба брзо да се надмине.

Нарушувањето на ланците на снабдувањето предизвика раст на цените на материјалите, електричната енергија и другите енергенси т.е., инфлацијата предизвика рецесија на пазарот во Европската унија, додека во блиското окружување предизвика голем недостиг од квалификувана работна сила која го забавува растот на компаниите, велат од таму.

Вкупните оперативни приходи лани изнесуваат 1.094.053.773 денари и истите се намалени за -9% во однос на 2022 година, како резултат на намалените приходи од странство за -45%, додека приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за +152%, а останатите приходи по основ на вишоци, судски спорови, наплати на штети и др., се намалени за -23%, велат од таму.

-Финасиските приходи во 2023 година се намалени за -17% во однос на 2022 година како резултат на намалените приходи врз основа на позитивните курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Вкупните приходи за 2023 година изнесуваат 1.098.710.364 денари и истите се намалени за -9% во однос на 2022 година, велат од таму.

Лани Друштвото остварило оперативни расходи од 1.074.668.871 денари, кои се за -10% помали во однос на 2022 година.

-Намалувањето на расходите  се должи на намалениот трошок на суровините и материјали за -32%, зголемување имаме кај трошокот за изнајмување на работници од надвор за изработка и извршување на услуги, додека трошоците за вработени се зголемени за +7% во однос на 2022 година.

Финансиските расходи се зголемени за +64% во однос на 2022 година како резултат на зголемените расходи по основ на камати и негативни курсни разлики.

Вкупните расходи за 2023 година се намалени за -9% во однос на 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом основа ново друштво – Факом монтажа

Факом со намалена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бум“ во работењето на инвестициските фондови во Македонија минатата година

Редакција

Фершпед лани со добивка

Редакција

„Виз ер“ на патниците им ги враќа парите за една недела

Редакција