еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фонд за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена, затоа што не се лекувал, туку се рехабилитирал

Фондот за здравство одбил да ги покрие трошоците за Леонид Индов во Виена, бидејќи тој таму бил на рехабилитација, а не на лекување, велат од таму.

„Барањето на осигуреното лице Б. И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Македонија со кои склучил договор.

Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување.

Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот.

Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи,“ се вели во соопштението на Фондот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фондот за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена

Леонид Индов замина на лекување во Виена, тој е првиот пациент кој со медикоптерот е транспортиран во друга држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бразилки ги „стоплија“ гостите на Фестивалот на младо вино „Тиквеш“

Редакција

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Клиниката за гинекологија за набавка на струја вреден 195.000 евра

Редакција

(Галерија) НЛБ Банка ја прослави десетата награда „The Banker“

Редакција