еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фондот за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски на Фејсбук информираше дека Фондот за здравство (ФЗО) одбил да го покрие лекувањето на младиот Леонид Индов, во Виена, Австрија.

Изминативе месеци цела Македонија собира пари за лекување на Леонид, кој неодамна со државниот медикоптер беше транспортиран во Виена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леонид Индов замина на лекување во Виена, тој е првиот пациент кој со медикоптерот е транспортиран во друга држава.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена.

Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето.

При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.

Државата си игра со човечки живот.

Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, пишува Андоновски.

Собирањето на донации за Леонид се уште е во тек.

Еве како можете да помогнете:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) НАСА објави фасцинантни фотографии од најдалечните галаксии, галактички танц, ѕвезден расадник…

Редакција

СОНК и МОН ги усогласија ставовитe: Платите од септември ќе се зголемат за 15%

Редакција

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција