еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Формиран е регионален кризен штаб за пожарите, ќе го координира Митко Јанчев

Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци, а со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.

„Заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалниците од општините кои се зафатени со критичните пожари, а по насока на Владата на Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва продолжуваме со акција.

На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици,“ информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот Фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/Орце Ѓоргиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ДУИ може да функционира без секого, па и без мене,“ вели Ахмети по нападите на дел од членовите кон Груби

Редакција

(Фото) Братот на диџеј Ицко кој почина од корона вирусот, даруваше крвна плазма во негова чест

Редакција

Фото на денот: Срна се прошета на првиот снег во Националниот парк Пелистер

Редакција