еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Безбедносните предизвици во Европа, тема на средбите на Мицкоски со Хојзген и Пленковиќ во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија, денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.

На средбата се разговарало за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста, информираа од Владата.

Мицкоски ја истакнал заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура.

Тој нагласил дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Двете страни се согласиле дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.

Мицкоски остварил билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Средбата се одржала во духот на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше нагласена важноста на продолжувањето на политичкиот дијалог и економската соработка.

Двајцата премиери разговарале за билатералните односи, евроинтегративниот процес и предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан.

Мицкоски изразил благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.

Премиерот Пленковиќ ја потврдил поддршката на Хрватска на патот кон Европската унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес.

Во текот на денот Мицкоски ќе земе учество во дел од активностите на Минхенската безбедносна конференција, каде ќе има свое обраќање на панел дискусијата на Форин Полиси, говерејќи за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 564.488 граѓани

Редакција

Кои се новите членови на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија

Редакција

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева од Штип

Редакција