еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Бугарска фондација купи 2/3 од куќата на писателот Талев во Прилеп

Бугарската фондацијата ‘Манол Пејков и пријателите’ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп за 83.550 евра.

Информацијата на Фејсбук ја сподели издавачот Манол Пејков од Фондацијата.

Делот од куќата кој е продаден е во сопственост на Снежана Аческа која во 2023 година побарала 100.000 евра. Остатокот од куќата или 1/3 е во сопственост на друг сопственик и тој несака да го продаде својот дел.

Пејков вели дека за оваа трансакција, за која вели дека е завршена, парични средства донирале 1.374 лица.

Писателот Талев меѓу двете светски војни бил поврзан со крилото на Ванчо Михајлов во ВМРО и пропагирал дека Македонија треба да биде во рамките на Бугарија.

Во повоените години бил затворен од македонските власти под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Излегол од затвор во 1948 година и во времето на Резолуцијата на Информбирото заминал во Софија, каде живееше и пишуваше до својата смрт во 1966 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската влада сака да купи куќа во Прилеп, еден од сопствениците не го продава својот дел

Фото: Фејсбук/Пејков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден 524.000 евра

Редакција

Не дојде адвокатот на еден од обвинетите: Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Русковска најави обвинение за “Рекет 2“ во јануари

Редакција