еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Вицепремиерот Фетаи на мејл добил смртна закана

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи на Фејсбук информираше дека на неговиот службен мејл добил закана по живот и го објави истиот.

Мејлот е насловен со „За тебе куршум во глава шипо Фетаи“, а текстот е исто така со навредлива содржина.

Како што пишува тој на Фејсбук, тој смета дека заканата е резултат на неговата изјава за отстранување на дефиницијата од 20 проценти за албанскиот јазик во македонскиот Устав, кога ќе отвори за измени истиот.

Тој за оваа веќе го известил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи акција и зголемување на мерките за мое лично обезбедување.

Се подготвува тужба, бидејќи заканите и екстремистите треба да го добијат одговорот што го заслужуваат, а тоа е затвор “, напиша тој меѓудругото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Арбен Фетаи, кандидат за вицепремиер за политики и добро владеење

Еден од најбогатите во Владата: Каков имот пријавил Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење

Фото: Фетаи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка, вели Каролина за најновата музичка соработка со Пијан славеј и Дуке Бојаџиев

Редакција

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија

Редакција

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Редакција