Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН) ја прифати Резолуцијата на Европската унија (ЕУ) за Украина, по повод тригодишнината од руската инвазија.
93 земји ја поддржаа Резолуцијата која ја нарекува Русија држава агресор и бара Кремљ да ги повлече своите трупи од Украина.
65 земји беа воздржани, а меѓу нив и Македонија, која беше коспонзор на Резолуцијата на САД за Украина. Против гласаа САД, Русија и 16 други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ
Нема промена на позициите на Македонија во поддршката на Украина, велат од МНР
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.