еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собрание поднесена иницијативата за гласање на недоверба на Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците на Алијанса за Албанците и Алтератива (АА), Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата.

Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница, односно најдоцна до четврток.

Николоски, кој цитираше дел од иницијативата, искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од АА.

Тој рече дека тие се во преговори за поддршка со уште неколку други пратеници.

-Чекавме седум дена по најавата премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села: Повлекувањето на Реџепи од Алтернатива не значи дека новото парламентарно мнозинство е пропаднато

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на стабилно и потопло време

Редакција

Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим

Редакција

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

Редакција