еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) 11 дена гори Галичица, пожарот се шири кон Охрид

Веќе 11 дена има пожар на планината Галичица, а пожарот синоќа премина од страната на Охрид.

Во текот на вчерашниот ден во делови на Охридското Езеро имаше саѓи и пепел.

Пожарот започна во високо планинските предели на над 2.000 мнв, каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку два часа.

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови, како и големиот број на детонации од неексплодирани гранати, не дозволија локализација на пожарот во високата зона и полека истиот навлезе во буковите шуми на исток, запад и север, објаснија од Планиснката спасителна служба.

Вчера на територијата на Македонија имало 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола и 30 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Македонски Брод, кај Јасен и Белица каде гори борова шума, како и на Галичица каде пожарот се шири на две страни, и кон Ресен и кон Охрид.

Борова шума и папрат гори во Општина Кочани и Општина Македонска Каменица, кај селата Пресека и Цера. Во Општина Долнени гори нискостеблеста шума и сува трева кај селото Дебреште, а пожарот се шири кон Рилево и Зрзе.

Активен е и пожарот кај Патеец, кичевско. Тука гори борова и букова шума. Во Кичево има уште еден пожар, кај селата Зајас и Горно Строгомиште.

И на Врбен, во Општина Маврово-Ростуше, гори ела, смрека и сува трева.

Активни се и пожарите во општините Неготино, Битола, Пласница, Македонски Брод и Пробиштип.

Под конгтрола е пожарот кај Пехчево, Демир Хисар, на Илинска Планина, депонијата кај Делчево, Чашка на планината Мукос, Слатина кај Македонски Брод, во селото Гари кај Дебар и на планината Стогово.

Фото: Твитер/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за случајот „Двојник” на 11 јуни

Редакција

(Фото) Артан Груби се „пофали“ дека прв пат претседавал со седница на Владата

Редакција

И од ЕУ го „искараа“ Османи за заканите со тужби кон медиумите

Редакција