еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Мијалков побегна, па се предаде откако сфати дека го ризикува семејството и имотот

Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција, се пријави во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корпција и со тоа е обезбеден неговиот притвор, рече премиерот Зоран Заев вечерва пред Владата.

Тој потенцира дека брзата мобилизација на сите институции ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата и дека за овој успех дадоа придонес надлежните министерства, институции, судот, Обвинителството и како резултат на тоа се избегнати нови потенцијални ризици.

„Паднаа сериозни наредби, со пленидба на имот со жолти траки на „Мериот” и други негови имоти со кои тој располага. Тоа не беа закани, туку постапија секој според своите надлежности.

Веднаш се виде дека овде нема отстапки. Требаше да се замисли малку што прави и дека го ризикува неговото семејство”, рече Заев.

Порача дека Обвинителството и Судот неговото пријавување не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и полицијата.

Најави доследно испитување на одговорноста и потенцира дека правдата е обезбедена и дека ќе ја има почесто и ќе следува ваков одговор на институциите.

„Јас Зоран Заев ве гледам во очи и ви кажувам дека компромис за правда нема и нема да има“, порача премиерот пред медиумите.

Мијалков, кој е обвинет во предметот Таргет – Тврдина, денеска попладе сам се пријави во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.

„Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.

До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот“, наведоа во соопштение од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Љубомир Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 евра за патниот лист за да се вратите во Македонија со пасош без „Северна“

Редакција

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

Редакција

Ако Пендаровски изгуби на изборите, Заев ќе распише предвремени парламентарни избори

Редакција