еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Собранието, каде денеска почна седницата, на чиј дневен ред е гласањето недоверба на Владата.

Мицкоски пред медиумите не сакаше да ги коментира последните случувања во законодавниот дом, каде седницата на која треба да се расправа и да се гласа за Иницијативата за доверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред, бидејќи нема кворум откако беше констатирано дека во салата нема доволен број пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собраниската седница за недоверба на Владата прекината поради немање кворум, кога и дали ќе продолжи не се знае

Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса, кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Мицкоски информира дека досега бил на часови на факултет и оти на лице место ќе ја дознае вистината за тоа што се случило.

На прашање од ТВ 21 дали ќе се најде друг пратеник на местото на Кастриот Реџепи „кој се премисли“, Мицкоски само го спореди пратеникот со Амди Бајрам.

– За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите директори и членови во одборите во државни и јавни претпријатија и институции

Редакција

За два денари поскапува бензинот Еуросупер БС-95

Редакција

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Редакција