Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 25% за увоз на челик и алуминиум во САД за сите земји.
Тие ќе бидат објавени на почетокот на оваа недела.
Најпогодени од новите царини ќе бидат Канада, Бразил и Мексико, кои се најголемите снабдувачи на САД со челик и алуминиум.
Од Европската унија (ЕУ) најавија контрамерки доколку САД воведат дополнителни царини за стоки од ЕУ.
Пред извесно време повисоки царини за ЕУ најави самиот Трамп.
Истите би биле голем удар за економијата на ЕУ, посебно за Германија.
Трамп најави и „реципрочни царини“, односно дека САД ќе воведат царини за увоз на производи доколку друга земја воведе царини за американски стоки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложени новите царини на САД за Канада и Мексико, за Кина остануваат
САД воведе повисоки царини за Канада, Мексико и Кина, Трамп најави и за Европската Унија
Фото: Унсплеш