еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако нема докази за убиствата, Палевски тешко ќе биде екстрадиран во Македонија?

Една од клучните работи во процесот на екстрадција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е македонските власти до турските да испратат цврсти материјални докази дека тој е убиецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија за повеќе од еден месец

Јавноста, поради тековната истрага, разбирливо, нема престава какви се докази обезбедиле Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, а познато е дека тој е осомничен за убиство и грабнување врз база на искази на двајца од осомничените, кои биле сведоци на убиствата.

Турските власти ќе го бараат и обдукцискиот наод за убиените, како и причната за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Обдукцискиот наод за Вања како што е познато се уште не е испратен до македонското Обвинителство.

За соучество во убиство и грабнување на Вања и Панче се осомничени нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се во притвор.

Засега не е познато кој од тројцата осомничени (без таткото на Вања), се сведоци на убиствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Исто така, и таткото на Вања е осомничен врз база на искази на осомничените, кои велат дека тој со Палевски споделувал информации за движењето на неговата ќерка. Тој пак негира соучество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Се уште се вештачат двата пиштоли поврзани со убиството на Вања и Панче

(Фото) Телма открива каде била закопана убиената Вања

Фото: Десна/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор за уставните измени

Редакција

Собранието во четврток ќе решава за судбината на Катица Јанева, Димовски бара седницата да биде јавна

Редакција

Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Редакција