еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на бензините и дизелот остануваат исти, се намалува цената на мазутот

Од вечерва на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС пак се намалува за 1,019 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,190 денари за килограм.

Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 80 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 82 денари за литар, дизелот за 74 денари за литар, а маслото за горење за 73,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мемоарите на Меркел од балканските политичари спомнат само Заев

Редакција

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Редакција

Од понеделник цената на бензините ќе се утврдува по нова методологија

Редакција