еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Централна кооперативна банка со намалена добивка во првото полугодие

Централна кооперативна банка во првото полугодие од 2024 година оствари добивка од 22,9 милиони денари, која е за 10% помала во однос на првото полугодие од претходната година, информираше Банката преку Македонската берза.

-Забележан е пораст на вкупната актива/пасива од 0,57% и остварување на поставениот план од 98,7%.

До второто тримесечје од 2024 година, евидентиран е мал пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 1% во однос на крајот на годината, при што планот е 98% исполнет за овој период. Порастот во најголем дел е остварен при одобрување кредити на физички лица.

Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 19% и повисоки од  планот за 10%. Позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на крајот на  претходната година за 30%, и повисока од планот за 2%.

Позицијата останати побарувања е пониска во однос на крајот од минатата година за 62,5%, и пониска во однос на планот за 61,9%.

Позицијата нематеријални средства бележи раст во однос на крајот на минатата година, кој се должи на континуираната набавка на софтвер и лиценци, додека кај позицијата недвижности и опрема е забележано незначително намалување како резултат на континуирана амортизација во второто тримесечје од 2024 година.

Кај позицијата преземени средства нема придвижување што се должи на тоа што нема ново превземање и продажба на средства во текот на првата половина на 2024 година.

На 30 јуни 2024 година, билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници бележи пад во однос на крајот на минатата година како резултат на исплатената камата во текот на март 2024 година. Вредноста на издадените конвертибилни обврзници е искажана во позицијата субординирани обврски, велат од таму.

Позицијата депозити на други коминтенти бележи пораст во однос на крајот од годината од 6%, но намалување во однос на планот за 1% што се должи на зголемување на депозитната база како последица на зголемување на каматните стапки, посочуваат од таму.

-Во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 59,2% во однос на истиот период минатата година. Додека остварените расходи за камати во известувачкиот период се пониски за 4,4% во однос на планираните.

Растечката економска криза и инфлаторните трендови влијаеја врз пазарот на капиталот и соодветно врз политиките на регулаторот и се чини дека веќе се создадени услови за прекин на континуираниот и долгогодишен тренд на намалување на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор.

Ефектите од ваквата промена на трендот се чувствуваат во текот на 2023 година со што  при пораст на вкупниот каматен пондер кај кредитите, Банката оствари повисоки вкупни приходи од камати за 25,5% во споредба со истиот период минатата година.

Притоа, Банката успева да го одржи стабилно портфолиото на постоечки кредити и да го задржи високиот квалитет на истото.

Во услови на силна конкурентска борба во текот на годината и одржувањето на висока конкурентност кај продуктната понуда на Банката, забележан е повисок нето-каматен приход во однос на истот период претходната година од 11,7%, велат од Банката.

Во јуни 2024 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 4,4% во однос на истиот период минатата година, но пониски се во однос на планот за 3,8%, посочуваат од таму.

-Зголемените расходи за провизии од 18,2% придонесоа кон намалување на позицијата нето-приходи од провизии и надомести  за 3,1%, во однос на истиот период претходната година, додека во однос на планот се пониски за 13%.

Позицијата трошоци за вработените бележи значителен пораст во однос на истиот период претходната година и на исто ниво во однос на планираните.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи пораст од 7% во однос на истиот период минатата година, додека во однос на планот, остварени се пониски останати расходи од дејноста за 5%.

Останатите приходи од дејноста се пониски од планираните за 31%, и се 8,5% пониски во однос на првото полугодие од 2023 година.

До второто тримесечје од 2024 година реализирани се понискинето–приходи од курсни разлики за 2% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за амортизација се пониски во однос на истиот период минатата година, и се 5% пониски во однос на планираните.

Со 30 јуни 2024 година, евидентно е зголемување на издвоените резервации за кредитните изложености, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 7,6 милиони денари, односно забележано е зголемување на оваа позиција за 3.2 милиони денари во однос на истиот период минатата година, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка со намалена добивка во првото полугодие

Вангел Валчев Спиров избран за член на НО на Централна кооперативна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцината што ја развива Оксфорд влева надеж: Организмот создава антитела и бели крвни клетки кои се борат со Ковид-19

Редакција

Скопски „6 Мај“ купи акции во Фустеларко Борец од Битола

Редакција

Рестрикции на струја нема да има: Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

Редакција