еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Четворица вработени во Скопската ЗОО ќе бидат ставени под здравствен надзор

Четворица вработени во Скопската Зоолошка градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

„Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип.

Вработените секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози и ќе се следи нивната здравствена состојба“, изјави Андоновска.

Еден вработен ќе биде тестиран, бидејќи пројавил симптоми на покачена температура и дијареа.

Андоновска рече дека нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина, доколку немале директен контакт со птиците заболени од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку е голема веројатноста луѓето да се заразат со птичји грип, еве што велат докторите

АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден

Скопската зоолошка детектирала угинато животно и не постапила законски, велат од АХВ

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 531 оздравени од Ковид-19

Редакција

Раст на продажбата од 24% и 3 милиони инвестиции: Што стои во бизнис планот на Реплек

Редакција

(Видео) Хамас го нападна и Ерусалим

Редакција