Американскиот Стејт департмент го стави поранешниот прв вицепремиер, кадар на опозициската ДУИ, Артан Груби на „црната листа“ на САД.
На истата заврши и неговото семејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД
Груби по одлуката се огласи на Фејсбук и напиша дека за истата дознал од медиумите.
Во реакцијата напиша дека целиот негов јавен живот го посветил на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, па одлуката го засегала директно и лично.
-Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.
Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција, напиша Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Партнерот на ДУИ, Зијадин Села, бара Груби да се повлече од политика
Фото: Груби/Фејсбук