еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Рекет“: „Куферчево ти одговара со стајлингот, не бива у торба адидас да се“, му вели Камчев на Боки 13

На денешното рочиште за „Рекет“ се слушаат аудио-разговорите што бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот и ги предал на обвинителката Вилма Русковска.

Дел од нив се однесуваат на она што јавноста до сега имаше можност да го слушне, а дел се нови.

На една од аудио-снимките се слуша како Камчев му вели на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 дека парите ги броел два часа и внимавал куферчето да му одговара со стајлингот.

„Не бива у торба адидас да се,“ вели и гласно се смее.

Во разговорите се слуша и за сумата која треба да биде исплатена, постапките кои треба да следат од страна на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, како и враќањето на пасошот.

Адвокатите на Јовановски и на второобвинетата Јанева, ги оспоруваат снимките. Нивното образложение е дека немаат ниту датум, ниту време и дека не може да се докаже кој со кого разговара.

Случајот „Рекет”, го води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 го советувал Камчев да признае дел од вината за „Империја„ и да плати оштета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43% од Грците сметаат дека Договорот од Преспа ќе се реализира

Редакција

На државна плата и сопругата на министерот Бектеши

Редакција

Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик Ток“

Редакција