И сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши ќе зема државна плата, објави телевизијата Телма.
Таа се вработила во Агенцијата за остварување права на заедниците, која е под директни ингеренции на Владата.
Според телевизијата, вработена е на местото виш соработник за изработка на проекти во секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации.
На прашањето на телевизијата за нејзиното вработување, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, вели дека Владата секогаш вработувала според заслуги, иако за вработувањето на сопругата на Бектеши првпат слушал.
Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, што предизвика бурни реакции во јавноста. Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила. Реагираше Антикорупциската комисија, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500 евра.
Фото: Фејсбук/Бектеши