еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) „Кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и рекол Мицкоски на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и порача тоа да го докаже на суд

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите: „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“, „во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“.

Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде на функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи Арсовска.

Таа исто така ги демантираше шпекулациите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека остварила тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и порача оставка да се бара од оние лица кои во континуитет манипулираат и оти не планира таа да се повлече од функцијата.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за изнесените ставови на Арсовска во интервју

На нејзиното интервју реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оглед на огромното количество лаги што ги изнесе Данела Арсовска, во срамното интервју на Канал 5 телевизија, би сакале да истакнаме следново:

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност, велат од партијата.

Фото: Град Скопје/видео: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.059 оздравени од Ковид-19

Редакција

Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот “Топлик”

Редакција

Србија: Осум рудари загинаа, над 20 повредени во екслозија на метан во рудникот Соко

Редакција