еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажна пријава за поставена бомба во објект на „Пошта“

Дојава за поставена експлозивна направа денеска е добиена на електронската адреса на објект на „Пошта“. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека пријавата е лажна.

– Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Г.г Стефан: Покајанието, преобразбата и прошката ни се пот­ребни како никогаш досега

Редакција

Beauty Sleep од Lush: Маска за врвна нега и луксузна хидратација на лице и тело

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 999 пациенти, позитивни и суспектни на коронавирусот

Редакција