еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 999 пациенти, позитивни и суспектни на коронавирусот

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 138 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 25 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 98 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштениети.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕиас: Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата

Редакција

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Редакција

Влада: Се затвораат моловите освен за храна и лекови: Купување само преку нарачки и достава

Редакција