еМагазин
Image default
Локално

Две групи мигранти се тепале во липковско Ваксинце, двајца повредени

Две групи мигранти физички се пресметувале на плоштадот во липковско Ваксинце, двајца од Пакистан биле повредени и се задржани на лекување, информираше денеска полицијата.

Вчера во 14:30 часот во полициското одделение Матејче, Х.И. од село Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во селото бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти.

„Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување“, соопшти СВР Куманово.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Редакција

Ципрас ќе го блокира Скопје

Редакција