еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што вели Тошковски за обвинувањата од Кривичен дека МВР е одговорен за бегството на Рамадани

По обвинувањата од Основниот кривичен суд Скопје дека Министерството за внатрешни работи е одговорно за бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, со реакција на Фејсбук се јави министерот за внатрешни работи, Панче Тошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Кривичен суд МВР е одговорно за бегството на Рамадани

-Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба.

Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.

Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.

Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.

Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.

Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.

Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Кој е судијата кој Рамадани го пушти во куќен притвор од каде избега

(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?

Фото: Фејсбук/Тошковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска нема да постапува за вработувањето на шурнајката на министерот Бектеши

Редакција

Државна ревизија изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за финансии за 2021 година

Редакција

Чаир рекордер: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција