И по повеќе од 18 месеци откако е отворен случајот за купородажбата на трговскиот центар Соравиа, внукот од брат на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети се уште не дали исказ во Јавното обвинителство за истиот.
Тоа го открива самиот во интервју за Република, каде вели дека ниту еден обвинител досега не го побарал тоа од него.
Единствено дал исказ во Обвинителство за друг случај поврзан со концесијата за каменолом на компанијата „Еверест“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрин Ахмети тврди дека „Еверест ЏД„ платила за експлотација на минерални суровини
Купопродажбата на Соравиа се уште не е завршена, а на прашањето кој е сега сопственик на зградата, Хано Соравија или Ник Наџар Мехмети, за кој медиумите пишуваа дека има проблеми со законот во САД, Ахмети одговара дека работите не биле така едноставни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрин Ахмети добил жителство на САД, купопродажбата на Соравиа се уште не е завршена
„Засега тапијата му припаѓа, и понатаму е на г-динот Хано Соравија. Но, ние работиме на договор. Извршивме плаќања кон него и тоа е прашање на процедура, прашање на време на обработка на договорот од различни јурисдикции кои се вклучени во зделката и за неколку недели таа ќе биде затворена и ќе има нов сопственик.
Овој сопственик е фонд. Тоа ќе биде структура наречена „Гондолинг капитал“, која е основана од мене, но има многу инвеститори, вклучително и институционални инвеститори. И тоа е целата приказна“, вели Ахмети.
На прашањето како се запознал со Ник Наџар Мехмети, вели дека тоа било лесно, преку неговите врски во Сенатот на Тексас.
“Еден Американец ме запозна со него. Не сакам да кажам кој, но еден американски политичар не запозна. Тој ни рече, вие сте од Македонија, имаме некој што е од Македонија во Далас. Праша дали би сакал да го запознаам“, вели Ахмети, кој и оваа интервју, како и претходните го дал на англиски јазик, оти по малку зборувал македонски, а тешко му било да одговара и на албански, оти цел живот учел англиски и можел поакадемски да се изрази на тој јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството чека помош од САД за Дрин Ахмети и случајот за „Соравиа“
Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации
Фото: Телма