еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од вирусот ги имале

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на својот Фејсбук профил редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“Министерството за здравство од неодамна започна на дневна основа да објавува податоци за бројот на лица со коморбидетити меѓу починатите. Откако се води оваа дневна статистика, гледаме дека околу 90% од починатите лица имале комрбидитети, иако не се наведува точно какви.

Инаку, збирно од почетокот на епидемијата, учеството на лица со коморбидитети меѓу починатите изнесувало 82,1%.

Ќе видиме дали последново зголемување е случајно или специфично за Омикрон сојот. Ако болеста навистина станала полесна, тогаш сé помалку умираат лицата без коморбидитети, а умираат воглавно тие што имаат коморбидитети (односно коморбидитетите ја прват и полесната болест – смртоносна).

За да процениме дали 90% е малку или многу, треба да знаеме колкаво е учеството на лица со коморбидитети во вкупната популација постара од 60 години (групата кај која се забележува најголем морталитет).

За тоа повеќе информации имаат докторите (од Мој термин), но ако претпоставиме дека 50% од постарите имаат коморбидитети (што не мора да значи дека е точно), тогаш приближната пресметка кажува дека коморбидитетите го зголемуваат ризикот од смртен исход за околу 9 пати.

Ако во популацијата постари има помалку од 50% лица со коморбидитети, тогаш ова зголемување на ризикот од смртен исход од ковид е уште поголемо.

Од овие причини би било многу важно лекарите да објават листа на најчести болести (коморбидитети) со кои умираат болните од ковид.

Лицата кои имаат една од болестите на списокот (на пример срцевосадова или белодробна болест, дијабетес или прекумерна тежина) би требало да преземат дополнителни, особено силни превентивни мерки (самоизолација), како и вакцинација, знаејќи дека нивната состојба ги прави екстремно ранливи во случај на инфекција со корона вирус.

Сите со коморбидитети не умираат од ковид, но речиси сите умрени од ковид имале коморбидитети“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Подваријантата на омикрон може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, не и до враќање на епидемијата на почеток

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Проф.Трајковски: Суперимунитет од прележување и вакцинирање најверојатно е клучот за сопирање на епидемијата, бидејќи се заразуваат и вакцинирани и прележани

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските социјалисти не го променија ставот во однос на Македонија, изјави Свиленски

Редакција

Рестораните луксуз: Угостителските услуги во јануари поскапи за 6,3%

Редакција

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Редакција