еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Подваријантата на омикрон може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, не и до враќање на епидемијата на почеток

Ви ја пренесуваме најновата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“02.02.2022. Денеска дури и најзадоцнетите индикатори, подвижните средини, ја потврдија промената на трендот.

7-дневната, односно брзата подвижна средина (црвената линија на првиот дијаграм) ја пресече одгоре надолу 14-дневната, односно бавната подвижна средина (сината линија) на дневниот број на случаи, со што се потврдува почетокот на надолниот тренд.

На вториот дијаграм ја гледаме прогнозата на намалувањето на 14-дневната подвижна средина во наредните две недели.

Не знаеме колкаво ќе биде влијание на новиот потсој BA.2 на Омикрон сојот, чија преносливост е поголема од преносливоста на актуелниот потсој BA.1, но тоа може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, а не и до враќање на епидемијата на почеток.

На третиот дијаграм забележуваме дека во болниците има голем број на хоспитализирани (сината линија), што значи допрва ќе ги гледаме резултатите од безгрижното заразување во јануари.

На четвртиот дијаграм гледаме дека дневниот морталитет (подвижната средина, портокаловата линија) сé уште извишува и се приближува до нивото од претходните бранови.

Нема да го достигне нивото на априлскиот бран на алфа сојот, но веќе станува споредлив со врвовите на брановите од вуханскиот и Делта сојот.

Сепак, бидејќи овој бран побргу искачува и побргу слегува, односно времетраењето му е пократко, вкупниот број на жртви ќе биде помал отколку во претходните бранови.

Вкупниот број на жртви во претходните бранови може нагледно да се прикаже како површина (интеграл) под „тумбите“ од сините прачки на четвртиот дијаграм.

Сега, со потесна тумба и површината ќе биде помала, односно вкупниот број на починати.

Броевите на починати од разните соеви уште подобро можеме да ги видиме на петтиот дијаграм, графикот на кумулативниот број на починати од почетокот на епидемијата до денес.

Таму станува очигледно дека најголема била смртноста на почетокот, додека населението немало никаков имунитет од прележување и никакви вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што досега знаеме за поваријантата на омикрон, БА2, која можеби е присутна и во Македонија

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Проф.Трајковски: Суперимунитет од прележување и вакцинирање најверојатно е клучот за сопирање на епидемијата, бидејќи се заразуваат и вакцинирани и прележани

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкакви надоместоци добил менаџментот на Европа лани

Редакција

(Видео) Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу проговори за несреќата: „Си реков зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот“

Редакција

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Редакција