еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што досега знаеме за поваријантата на омикрон, БА2, која можеби е присутна и во Македонија

Во понеделник ќе почне секвенционирање на примероци од пет пациенти во Македонија, тестирани за Ковид-19, за да се види дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2, која веќе е регистрирана во 57 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали во Македонија е регистрирана подваријанта на омикрон ќе се знае следната недела

Што велат за оваа подваријанта од Светската здравствена организација

Светската здравствена организација (СЗО) пред неколку дена соопшти дека нема индикации дека новата подваријанта на омикрон, БА.2, предизвикува посериозни инфекции од оригиналната верзија на вирусот, иако првичните податоци сугерираат дека е многу позаразен.

Не било откриено дека омикрон предизвикува потешки форми на болеста од делта сојот, но се шири побрзо од претходните варијанти на вирусот и може да избегне дел од имунолошката заштита што ја обезбедуваат вакцините.

“Информациите што ги имаме сè уште не се целосни, но првичните податоци покажуваат дека БA.2 е малку позаразна од оригиналната омикронска варијанта, која научниците официјално ја нарекуваат БA.1 и моментално е доминантна ширум светот.

Сепак, нема индикации дека БА.2 се разликува од оригиналниот омикрон во однос на сериозноста“, информираа од СЗО.

Дали вакцините се ефикасни за оваа подваријанта

Од СЗО по појавата на оваа подваријанта, посочија дека вакцините остануваат ефикасни во спречување на тешки болести и смрт од омикрон и сите негови подваријанти.

“Луѓето мора да бидат свесни дека овој вирус се уште циркулира и продолжува да се развива. Затоа е многу важно да ги преземеме сите можни мерки за да ја намалиме нашата изложеност на овој вирус, без разлика која варијанта моментално кружи низ светот“, посочија од СЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подваријантата на омикрон се шири, откриена е во 57 држави

Што открија данските научници?

БA.2 веќе стана доминантен вид во Данска, надминувајќи ја оригиналната верзија на БA.1.

Данските научници открија дека БA.2 е значително позаразна за луѓето кои биле вакцинирани со две, дури и оние со три дози.

Сепак, луѓето вакцинирани со две дози и бустер-доза имаат помала веројатност да пренесат БA.2 по инфекцијата отколку оние инфицирани со сојот БA.1.

Од друга страна пак, невакцинираните го пренесуваат БA.2 поефикасно од оригиналниот омикрон.

Данските научници се оптимисти, бидејќи откриле дека БA.2, како и оригиналната омикрон варијанта, е пропратена со поблаги инфекции во споредба со делта.

Останува прашањето дели клиничката слика ќе биде полесна или потешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Подваријантата на омикрон може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, не и до враќање на епидемијата на почеток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот кај ГП „Богородица“ ставен под контрола

Редакција

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Редакција

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Редакција