еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу проговори за несреќата: „Си реков зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот“

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу во интервју за Бугарската национална телевизија БНТ за првпат проговори за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица.

„Си реков зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу, кој со семејството често патувале на турите кои ги организирале, а така било и овој пат.

Тој и сопругата патувале во првиот автобус, а неговите деца биле во еден од другите автобуси. За страшната несреќа разбрал на границата, на излегување од Бугарија. Со такси, се вратил до местото на несреќата, каде останал неколку часа.

„Им реков да ме однесат до местото, да видам со свои очи што се случило таму“, вели Хаџиу.

Автобусот бил на технички преглед три недели пред несреќата, а пред секое патување, секое возило одело на сервис, така било и во овој случај и пред тргнување за Турција, и во Истанбул.

Тој негира дека во автобусот се превезувала нафта.

„Туби има во секој автобус, тие се со вода, секој автобус треба да ги има, за секој случај. Тоа е резервна вода. Има строги контроли при влез во Бугарија, багаж, возач, сето тоа што се пренесува“, изјави Хаџиу.

Хаџиу ги опиша шоферите на автобусот како добри, искусни професионалци, кои многупати го поминале тој пат, а секогаш ги запазувале термините за одмор. Автобусот имал фабричко ограничување и не можел да оди побрзо од 100 километри на час.

На прашањето дали автобусот ги имал сите неопходни документи, Хаџиу и неговиот адвокат велат дека сега нема да коментираат, затоа што истрагата трае.

Видеото ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени авионски во четврток и најдоцна до петок ќе бидат предадени на семејствата

Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Фото: БНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

63 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ, но има целосно право да ја блокира Македонија

Редакција

Jанева им се заканила на обвинителите: Ако пропаднам ќе ве повлечам со мене!

Редакција