Се уште нема информација дали Судскиот совет расправал за преставката за случајот во кој човек фирма од Штип бара 4 милиони евра од Македонски телеком.
За истата се известени Владата, ресорните министерства, како и надлежните институции.
Преставката следи откако неодамна пресудата за овој случај од страна на Апелациониот суд беше преиначена од првостепената, во корист на фирмата.
Во случајот се очекува да се вклучи и Јавното обвинителство.
Пред неколку дена министерот за транспорт Александар Николовски изјави дека побарал Обвинителство да го испита случајот.
Министерството за случајот било известено по службена должност, а Николовски вели дека известувањето кое го добил покажало во каква лоша состојбата е македонското судство.
Тој очекува Обвинителството да постапи по овој предмет и да се расчисти овој случај, да се види кој судија од Апелација донел таква одлука и зошто е донесена ваква одлука.
За него е сомнително што Апелација во ист ден имала две различни изјави за случајот.
Владата е акционер во Македонски Телеком. Поседува 34,81% од акциите и златна акција и има свои преставници во Одборот на директори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителите ја испитуваат пресудата на Апелација за Телеком
Фото: Унсплеш