еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот Талат Џафери останува технички премиер до избор на новата влада 

Кадарот на ДУИ, Талат Џафери, кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник останува на позицијата – технички премиер додека не се избере нова влада.

До тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието, најави тој на вчерашната конститутивна седница на новиот парламентарен состав.

„Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес.

Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Сарај остана без градоначалник, Блерим Беџети стана пратеник

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката за регионален развој на Бугарија ќе ги презентира резултатите од инспекцијата на автопатот „Струма“

Редакција

Струјата поскапела 11,2%, просечната цена во првото полугодие 5.761 денар за киловат час

Редакција

Проф. Трајковски: Уште долго време епидемијата ќе осцилира како јо-јо, досегашните бранови се повторуваа со период од околу 4-5 месеци

Редакција