еМагазин
Image default
Бизнис

1.349 службеници кои земаат плата, а не одат на работа, ќе бидат распоредени во 237 институции

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои „Информацијата со Предлог план за преземање на нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку К5 програмата“.

Согласно Планот кој денеска беше усвоен, опфатени се вкупно 1.349 вработени по К5 програмата кои ќе бидат распределени на конкретни работни задачи во 237 институции.

Целта на Планот е вработените да бидат распоредени во друга институција од јавен сектор во соодветно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува.

При изработка на планот земена е во предвид моменталната состојба на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во институциите кои треба да преземат вработени, потребата од зголемување на бројот на човечки ресурси во тие институции, како и моменталните слободни работни места во тие институции, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со раст на добивката за 33,5%

Редакција

На продажба акции на Еуростандард банка издадени од Централен депозитар за хартии од вредност

Редакција

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 27%

Редакција