Податоците на Агенцијата за електронски комуникации за четвртиот квартал минатата година покажуваат дека најмногу претплатници во мобилната телефонија има А1 Македонија.
Компанијата има пазарен удел од 47,01% , а по неа следи Македонски Телеком со 46,37%.
Следува МТЕЛ, со 5,13%, Телекабел со 1,39%, и Греен Мобиле со 0,10%.
Вкупниот број на претплатници во мобилната телефонија за тој период изнесувал 1.992.046, што е за 5,39% помалку во однос на претходниот квартал и за 0,82% повеќе во однос на истиот квартал од претходната година.
Фото: Унсплеш













