Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска во 09:25 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово.
Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, неговото тело било дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














